Дома Фудбал Англија Избран тимот на деценијата во Премиер лигата (фото)

Избран тимот на деценијата во Премиер лигата (фото)

„Би-Би-Си“ го објави тимот на деценијата во Премиерлигата според изборот на своите читатели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Би-Би-Си“ одлучи да направи анкета за најдобриот тим во изминатите десет години. Експертите ја користеа статистиката, успех и должина на кариера на фудбалерите, како и мислењето на новинарите за да направат листа со најдобри фудбалери.

Омилената формација е 4-3-3 на дури 72% од читателите, а токму поради таа формација некои фудбалери како Давид Силва немаа свое место во тимот.

На голманската позиција е избран Давид де Геа пред Петр Чех, а во одбраната се наоѓаат Александер Арнолд со 19% гласови, по што следат Винсент  Компани (64%),  Вирџил Ван Дајк (50%) и Патрис Евра (23%).

Во средниот ред се Нголо Канте (37%), Стивен Џерард (42%), Кевин де Брајн (52%), а најмногу гласови имаше Серхио Агуеро (69%) во нападот, додека друштво му прават Хари Кејн (28%) и Еден Азар (54%).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал сака да се засили од редовите на големиот ривал, но за него ќе треба да се плати големо богатство

Арсенал започна со акција на трансфер пазарот и покажува сериозен интерес за фудбалерот ко…