Дома Топ вести Играше во Манчестер со Роналдо, а сега потпиша во швајцарска 5-та лига!

Играше во Манчестер со Роналдо, а сега потпиша во швајцарска 5-та лига!

Ерик Џемба-Џемба своевремено беше голем талент кој многу ветуаше. Откако одигра две добри сезони во Нант го купи големиот Алекс Фергусон за 4,5 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Камерунскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ се задржа две сезони, потоа следеше трансфер во Астон Вила, а во 2007 година го одигра последниот натпревар во Англија, што значеше и пад на неговата кариера.

Најпрво Џемба-Џемба се проба во Катар, а потоа следеа Оденсе, Хапоел Тел Авив, Партизан… Пред две години потпиша за индијскиот Ченаин, но и после тоа не се засити од фудбал – одигра неколку месеци во Индонезија, за минатата сезона да заврши во францускиот петолигаш Волтигерс.

Џемба-Џемба го одведе Волтигерс до четврта лига, но оваа сезона немаше место за него во тој клуб. Сепак, тоа не го обесхрабри.

35-годишниот Камерунец се одлучи на уште една авантура во 5-та лига, овој пат во Швајцарија. Тамошниот клуб Валорбе денес официјално потврди дека постигнале договор за соработика до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…