Дома Фудбал Останато Играчот кој ја одби Барселона постигна еврогол во МЛС лигата (ВИДЕО)

Играчот кој ја одби Барселона постигна еврогол во МЛС лигата (ВИДЕО)

Новата сезона во МЛС лигата започна пред нешто помалку од еден месец и веќе видовме неколку одлични потези и голови.

Еден од овие голови виден беше во саботата на натпреварот помеѓу Сан Хозе Еартшејк и Лос Анџелес ФК. Гостите овој натпревар го добија со резултат 5:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стрелец на два гола во овој натпревар беше поранешниот играч на Арсенал, Карсло Вела, а вториот гол беше вистинска мајсторија.

Вела ја зема топката од некои 25-26 метри шутираше со лева нога во горниот десен агол, а голманот на домаќините беше немоќен во таа ситуација.

Оваа зима се пишуваше за тоа дека Барселона сака да го ангажира Вела, но тој ги одби бидејќи сакаше да игра стандардно, па на „Камп Ноу“ пристигна Кевин-Принс Боатенг.

„Ми беше тешко да одбијам клуб како Барселона. Меѓутоа кога земав се во предвид сфатив дека сум среќен во Лос Анџелес и одлучив да останам“, изјави Вела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…