Репрезентативецот на Англија, Фабијан Делф го напушти кампот на репрезентацијата и утрово се врати назад во Англија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Делф доби дозвола од селекторот Саудгејт без проблеми да се врати во својот дом бидејќи неговата сопруга е трудна и наскоро на свет ќе го донесе неговото трето дете.
„Не постои ништо поважно од семејството, за мене тоа секогаш е најважно и на прво место. Многу сум му благодарен на селекторот за разбирањето“, изјави Делф при напуштањето на кампот.
Делф во вчерашниот последен натпревар од групната фаза одигра 90 миунути, а детето кое наскоро треба да пристигне на свет е негово трето.
Англичаните во продолжение од Мундијалот ќе останат со еден играч помалку.