Голем број клубови покажуваат интерес за фудбалерот кој оваа сезона прикажува одлични настапи во дресот Наполи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Одличниот играч за врска, Жоржињо би можел по завршувањето на сезоната да го напушти Неапол, секако доколку тој одлучи така.
Во борба за потписот на овој фудалер ќе бидат Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, пренесуваат дел од италијанските и англиските медиуми.
Жоржињо е Бразилец со италијански пасош настапува за селекцијата на Италија и докажа дека е фудбалер каков што му им е потребен на трите споменати заинтересирани клубови.
Неговиот договор со Наполи има важност уште две години, а неговиот менаџер неодамна истакна дека истиот би можел да биде продолжен. Сепак потенцијалното пристигнување на Тореира од Сампдорија го доведе во прашање неговото останување.