Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ се договорил, се враќа во Милан

Ибрахимовиќ се договорил, се враќа во Милан

Според последните информации од Италија, Златан Ибрахимовиќ прифатил да се врати во Милан и да добие нова улога во гигантот од Милано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Швеѓанецот имал средба со првиот човек на клубот, Гери Кардинале и постигнале договор за новата позиција на поранешниот напаѓач.

Засега не е објавено каква улога конкретно ќе има Ибрахимовиќ, меѓутоа се најавува дека сигурно ќе биде тесно поврзан со тренерот Пиоли. Претходно се шпекулираше и дека може да биде негов помошник.

По дебаклот против Интер, Ибрахимовиќ на 18. септември беше во посета на тренингот на Милан, сакајќи да го мотивира тимот пред натпреварот во Лигата на шампионите против Њукасл кој заврши без победник 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нема да разберам како е повикан Нејмар, кога одигра само два натпревари

Одлуката на селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти, да го вклучи Нејмар …