Интересна информација откри министерот за спорт на Руската федерација, Виталија Мутко, тврдејќи дека му понудил на Златан Ибрахимовиќ да стане руски државјанин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибрахимовиќ има шведско државјаноство, а неговите корени се од Босна и Херцеговина. Кога со Манчестер Јунајтед гостувал во Русија имал понуда добие руско државјанство.
„Мурињо дојде во Ростов кога го водеше Манчестер Јунајтед. Дојдов кај нив со понуда до Ибрахимовиќ. Отворено и јасно му кажав – сакаш ли да стане државјанин на Русија? Ќе ти дадеме пасош“, откри Мутко.
Очигледно Ибрахимовиќ не го прифатил руското државјанство.