Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ добива досега непостоечка функција во Милан?

Ибрахимовиќ добива досега непостоечка функција во Милан?

Пред 12 дена, Златан Ибрахимовиќ се збогуваше од кариерата како фудбалер и одржа емотивен говор на „Сан Сиро“ по натпреварот помеѓу Милан и Верона. Не помина долго, а сега се пишува за негов нов ангажман.

Според последните информации, Милан му понудил функција која досега ја немало во клубот. Имено, ако Швеѓанецот прифати тој би требало да биде врска помеѓу играчите и управата на клубот, засега Ибра не донел одлука.

Поранешниот напаѓач кариерата ја започна во родниот Малме, потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Ќермен, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси и повторно во Милан каде што стави крај.

Лигашки титули славеше со Ајакс, Јувентус, Интер, Барселоан, ПСЖ и Малме, од европските натпреварувања ја освои Лигата на Европа со Јунајтед, Лигата на шампионите остана негов сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…