Кристијано Роналдо на почетокот на годината ги изненади сите кога отиде во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Наср. На многумина тоа не им се допадна, а еден од нив е Златан Ибрахимовиќ кој тотално го девалвира потегот на Португалецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Златан Ибрахимовиќ низ кариерата беше познат како играч без влакна на јазикот. Така остана и откако се прости од фудбалот.
Никогаш немал проблем да зборува за некого. Сега на ред е Кристијано Роналдо.
Во неодамнешното интервју за Пирс Морган, Златан Ибрахимовиќ зборуваше за заминувањето на играчите во Саудиска Арабија и ги претстави на свој начин. Тој откри дека и тој добил профитабилни понуди, но веднаш ги одбил.
„Имав понуди од Кина, но и од Саудиска Арабија, но тоа не беше мојата цел. Секогаш велев дека големите играчи треба да ја завршат кариерата на високо ниво. Луѓето треба да ги паметат по нивниот талент, а не по тоа колку заработиле.
Долги години тренираме луѓето да ги паметат нашите настапи на теренот. Играчите кои го достигнале највисокото ниво мора да го одржуваат и по пензионирањето“, изјави 42-годишниот Швеѓанец.
“Не можете да паднете на тоа ниво, а потоа да ја завршите кариерата. Колку повеќе пари сакате? Можам да разберам некои играчи кои одат таму бидејќи не заработиле многу во текот на кариерата. Но, што е со останатите? Разликата меѓу мене и другите играчи е дека не ми требаат пари, но сум многу скап“, вели Златан Ибрахимовиќ.
Кога водителот го прашал дали има морални проблеми да игра во Саудиска Арабија, поранешниот фудбалер одговорил:
„Не, но ми е жал за оние играчи кои играа таму пред многу години и не можеа да заработат толку како денес“.
Zlatan Ibrahimovic calls out Cristiano Ronaldo for his move to Saudi Arabia 😤 pic.twitter.com/O0zUZ3Q5Ig
— GOAL (@goal) October 6, 2023