На натпреварот помеѓу Спартак Москва и Војводина судијата се извинуваше поради лошата одлука, па на крајот истата ја промени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се играше второто полувреме кога судијата Новица Анѓеловски досуди индиректен удар за екипата на Спартак, односно играње со рака на голманот на Војводина надвор од казнетиот простор.
Гостинските фудбалери останаа зачудени и се обидуваа да му објаснат на судијата дека немало нешто такво. После консултацијата со помошникот судија на овој натпревар, Анѓеловски ја промени одлуката и во знак на извинување ги подигна рацете.
Деталот од споменатиот натпревар можете да го видите во прилогот на 4:27 од видеото.