На турскиот гигант Фенербахче не му оди во домашното првенство, но нашиот Елиф Елмас се наоѓа на мета на поголем број европски клубови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Елмас во последните месеци се поврзуваше со Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Бенфика, Тотенхем, а последен во низата клубови кои се поврзуваат со македонскиот „бисер“ е италијански Лацио.
Медиумите на „Чизмата“ тврдат дека Лацио би можел да го продаде Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој оваа сезона не е во форма и на негово место да го ангажира Елмас.
Лотито минатото лето кога европските гиганти беа спремни да платат 100 милиони евра, бараше 150 милиони евра, а сега најмногу би можел да „извади“ 50-60 милиони евра, а како негова замена се споменува токму Елмас.
Елмас во Фенербахче пристигна минатото лето како слободен играч и потпиша договор до 2022 година во кој има откупна клазула од 23 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=v6yJQ5YrLdw