Дома Фудбал Репрезентации И Агуеро за поразот ги обвинува судиите и ВАР

И Агуеро за поразот ги обвинува судиите и ВАР

Аргентина синоќа беше поразена од Бразил со 2:0 во полуфиналето на Копа Америка, а натпреварот имаше и трето полувреме.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, при вториот погодок на Бразилците му претходеше спорна ситуација во нивниот шеснаесетник каде беше срушен Серхио Агуеро, но судијата ништо не досуди, ниту ја гледаше ВАР снимката.

Следуваше големо незадоволство кај Аргентинците кое продолжи и после натпреварот, а најгласен беше капитенот Лео Меси.

Серхио Агуеро исто така не го криеше своето незадоволство, па после натпреварот ја коментираше ситуацијата која веројатно на крајот беше пресудна.

„Не е добро чувството, вториот гол беше контроверзен. ВАР до денеска работеше добро. Неверојатно.“

„Не знам зошто не ја проверија ситуацијата. Во тоа време судијата можеби не виде, но затоа ВАР требаше да биде петти судија.“ – изјави незадоволниот Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Зошто Барселона не го повлече дресот со број 10 на Меси? Специјалното правило го објаснува тоа

ЛИОНЕЛ МЕСИ остави неизбришлив белег во Барселона, и според многу фанови, клубот требаше д…