Дома Фудбал Зошто само Бернардо Силва не го славеше голот на Португалија?

Зошто само Бернардо Силва не го славеше голот на Португалија?

Репрезентацијата на Португалија вчера забележа убедлива победа против Швајцарија од 6:1 во осминафиналето од Светското првенство.

Покрај победата и ситуацијата со Роналдо кој стартуваше од клупата внимание привлече и Бернардо Силва. Беше забележано дека Силва воопшто не слави еден од головите на својата селекција.

Тој беше пет метри зад нив и ги гледаше како се радуваат. На многумина им беше чудно зошто од сите на теренот само Силва не слави.

Се појавија разни теории, меѓутоа Бернардо не можеше да го прослави голот затоа што еден од играчите мораше да остане во границите на теренот за Швајцарците немаат можност да тргнат од центарот и да постигнат гол.

Ако играчи на Португалија беа надвор од теренот тогаш Швајцарија ќе имаше дозвола од судијата да започне напад по кој лесно ќе постигнеше гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту играч повеќе не го спаси Палас: Саж останува под притисок

Кристал Палас испушти водство против Бешикташ и ремизираше 2-2 во Истанбул. Пјер Саж гледа…