Дома Фудбал Лига на шампиони Знаете ли што вети Видал доколку Барселона испадне од Ливерпул?

Знаете ли што вети Видал доколку Барселона испадне од Ливерпул?

Фудбалерите на Барселона беа толку убедени дека ќе играат финале во ЛШ и дека лесно ќе се прошетаат во реваншот на Енфилд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барса очигледно сметаше дека предноста од 3:0 е недостижна за Црвените, но на крајот не испадна така и доживеа вистинска бламажа во реваншот.

Ливерпул на крајот славеше со 4:0 и се пласираше во финалето, а еден новинар се сети на бетувањето кое го даде Артуро Видал после првиот натпревар.

После тој натпревар го прашаа за евентуален пресврт на Ливерпул, а тој одлучи на интересен начин да одговори.

„Ако Ливерпул се пласира во финалето ќе го донирам левиот тестис, а десниот ќе го поклонам на навивачите на Реал Мадрид кои го поддржуваат Ливерпул.“ – изјави Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Зошто за Белингем не се применуваше новото правило на ФИФА?

Англиската фудбалска репрезентација се соочи со обвинувања за привилегиран судиски третман…