Дома Фудбал Репрезентации Знаете ли кога последен пат Шпанија изгубила натпревар на домашен терен?

Знаете ли кога последен пат Шпанија изгубила натпревар на домашен терен?

Репрезентацијата на Шпанија после разочарувањето на Мундијалот во Русија изгледаше како со нетрпение да ја чека Лигата на Нации за да се „извади“.

Шпанија одигра одлично и во првото коло ја декласираше Хрватска, пред неколку дена запиша и победа во пријателски натпревар, но вчера на „Бенито Вилјамарино“ доживеаа пораз од Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англичаните експресно стигнаа до 0:3 и „фуријата“ не успеа да се опорави. Стерлинг погоди за 0:1 во 16-тата, зголеми Рашфорд на 0:2, а Стерлинг осум минути подоцна стрелаше за убедливи 0:3.

Пако Алкасер во 58-та минута намали на 1:3, а Серхио Рамос во осмата минута од судиското продолжение ги постави конечние 2:3.

За Шпанија ова беше прв пораз на еден официјален натпревар на домашен терен уште од далечната 2003 година, а Англија е прва репрезентација која на домашен терен на „фуријата“ и дала три погодоци.

Исто така ова е прв пораз на Шпанија во регуларните 90 минути после 840 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=ZMZ-uYEfm-c

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…