Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека неговите играчи заслужуваат поголем респект.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Кралевите“ и денес победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со гол од пенал, кој беше досуден после консултација со ВАР.
После тоа дополнително се засилија нападите кон Реал Мадрид за наводен помош од судиите и наклонетост на ВАР системот.
„Зборуваат дека победуваме поради судиите, уморен сум од тоа. Моите играчи заслужуваат респект. Не може ништо да не поремети и да не оттргне од нашата цел. Нема да се опуштиме и да размислуваме за титулата додека не ја освоиме и математички“, изјави Зидан.