Дома Фудбал Зидан: Сметаме на Јовиќ за следната сезона

Зидан: Сметаме на Јовиќ за следната сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес ги отфрли шпекулациите за трансфер на Лука Јовиќ и потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јовиќ само што се врати од повредата, повторно е надвор од тимот бидејќи мора да биде во самоизолација откако имал контакт со заразен од коронавирус.

„Јовиќ не е со нас. Разговарав со докторот, ги следи препораките. Тој е многу добар фудбалер, кој постигнува многу голови, но е млад. Сметам на него и за следната сезона“, изјави Зидан, кој потврди дека Азар е спремен за игра.

„Азар не беше повреден, но имаше болки. Сега тренира нормално со остатокот од тимот и ќе биде спремен да ни помогне во преостанатите четири меча“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …