Дома Топ вести Зидан прави изненадувачки потег: Се откажува од Крос поради СМС

Зидан прави изненадувачки потег: Се откажува од Крос поради СМС

Со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид работите драстично се променија, па играчите кои беа во втор план кај другите тренери сега повторно се „неропирливи“.

Тоа се виде веднаш уште во првиот натпревар кога Зидан ги „оживеа“ Навас, Марсело, Иско и Асенсио кои се вратија во стартниот тим и ја имаат довербата на францускиот стратег.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јасно е дека после лошата сезона на лето ќе има реконструкција на тимот, па некои играчи ќе мора да ги спакуваат куферите, а играчите кои беа на заминување како Иско и Марсело добија гаранции од Зидан и најверојатно ќе останат на „Сантиаго Беранабеу“.

Шпанските медиуми денес откриваат кои играчи Зидан ќе ги стави на трансфер листа, а меѓу нив има и едно изненадувачко име. Имено, според последните информации Зизу не сака по никоја цена да го пушти Модриќ, но затоа е спремен да се откаже од Тони Крос.

Германецот има договор со Реал до 2022 година, но Зизу е спремен да го продаде, а за него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Интер и Јувентус.

Како идеална замена за Крос францускиот стратег го гледа Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој и минатото лето беше на радарот на „кралевите“. Србинот може да игра на неколку позиции во тимот, а неговата цена во моментов изнесува околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…