Дома Фудбал Зидан: Најдобро за сите ќе биде Бејл да си замине!

Зидан: Најдобро за сите ќе биде Бејл да си замине!

Во подготвителниот меч за новата сезона Реал Мадрид загуби со 1-3 од Баерн Минхен, а тренерот Зинедин Зидан не го повика Герет Бејл за мечот.

Ако може да се суди според изјавата на францускиот тренер не постои никаква шанса Бејл да остане следната сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

„Бејл не беше во конкуренција, зашто Реал работи на негов трансфер. Кога би можел да си замине уште утре, би било најдобро за сите нас“, изјави Зидан.

Немам ништо лично против него, но доаѓа момент кога работите треба да бидат завршени. Должен сум да ги донесам овие одлуки. Имаме потреба од промена“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…