Зинедин Зидан вчера се фати за глава по третиот гол за неговиот тим против Валенсија кој го постигна Карим Бензема.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Валенсија добро парираше во првото полувреме меѓутоа во второто „кралевите“ го скршија отпорот и три пати ја погодија мрежата на „лилјаците“. Во 87. минута Бензема изрежира фудбалска мајсторија во шеснасетникот, сам си ја намести топката и со послабата лева нога испрати одличе удар.
По натпреварот Зидан даде коментар за овој гол и не штедеше комплименти за Французинот.
„Сите кои го сакаат фудбалот го вреднуваат вториот гол на Бензема. Тоа беше убав гол и покрај тоа што не е левак го погоди аголот со послабата нога. На такво нешто не може да се остане рамнодушен. Среќен сум и за голот на Асенсио, ова беше прекрасна ноќ за нас“, изјави Зидан.
Casemiro’s tackle, Kroos’ pass, Asensio’s assist, Benzema’s touch and finish. Zidane-esque play from Madrid. pic.twitter.com/8P7RmSuQc8
— Circus FC (@warsamefooty) June 18, 2020