Дома Фудбал Зидан: Еден ден се зборува за судиите, друг ден за распоредот

Зидан: Еден ден се зборува за судиите, друг ден за распоредот

Зинедин Зидан одржа конференција за медиумите пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Мајорка во рамките од 31. коло во шпанската Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Французинот зборуваше на разни теми, а посебно новинарите ги интересираше даде мислење за распоредот кој ги дочека клубовите по враќањето на фудбалот.

„Календарот е таков каков што е. Ништо нема да се промени и тоа е така. Мораме да пронајдеме начин да ги одмориме играчите, сепак тоа се 11 натпревари во многу краток период. Имам свој став, но нема да се мешам. Еден ден се зборува за распоредот, друг ден за судиите, доста е – јас мислам само на Мајорка!“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …