Тренерот на Реал Мадрид, Зинден Зидан е изморен од шпекулациите за Нејмар и едвај чека да се заврши преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зидан денес зборуваше на пресконференција пред мечот со Ваљадолид, па новинарите неизбежно му го поставија прашањето за евентуалниот трансфер на Нејмар.
Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Нејмар може да заврши на „Сантиаго Бернабеу“.
„Моментално работам со играчите кои ги имам на располагање и сконцетриран сум на утрешниот натпревар. Се може да се случи до 2-ри септември, кога ќе се затвори трансфер пазарот. Некои играчи можат да дојдат, а некои да заминат. Сакам што побрзо да дојде тој 2-ри септември и повеќе да не ми поставувате вакви прашања“, изјави Зидан.