Лидерот на табелата во ПМФЛ, Струга Трим Лум вчера вечер објави соопштение во кое потврди дека дошло до разделба со тренерот Срѓан Захариевски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Струга не играше како на почетокот на сезоната и само благодарение на поразот на Шкупи од Силекс во Кратово остана на лидерската позиција во ПМФЛ. Сепак, заминувањето на Захариевски е изенанување.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека ја прекинавме соработката со Срѓан Захариевски. Ова е одлуката на клупското раководство и тренерот ја прифати. Ти благодариме Захариевски“, објавија стружани.
Најголемиот успех на Захариевски со Струга во трите сезони беа изборените европски квалификации.