Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е прогласен за играч на сезоната во англиската Премиер лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Халанд во својата прва сезона го предводеше Манчестер Сити до шампионскиот трофеј постигнувајќи друи 36 голови, а додаде и осум асистенции. Ефектот Норвежанецот ќе може да го подобри во последното коло во кое Сити ќе игра против Брентфорд.
Оваа сезона Халанд собори низа рекорди во Англија, а најважниот кој го сруши веројатно е оној на голови во една сезона во Премиер лигата.
Досега овој рекорд со 34 гола го делеа Енди Кол и Алан Ширер, меѓутоа тие 34 гола постигнаа кога во Премиер лигата се играа 42 натпревари, за разлика од сегашните 38.