Дома Фудбал Италија Започнува сериозно реновирање на „Сан Сиро“

Започнува сериозно реновирање на „Сан Сиро“

Легендарниот фудбалски стадион „Сан Сиро“ ќе се реновира! Ова денес го потврдија градските власти на Милано, кои открија дека започне сериозно реновирање и модернизација која ќе заврши во 2020 година.

Тимовите на Милан и Интер, кои ги играат домашните натпревари на овој стадион, долго време беа поврзувани со изградба на нов стадион, но по се изгледа ќе останат на „Сан Сиро“ и во следните неколку години.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Реновирањето ќе го опфати теренот, осветлувањето на влезовите и оперативниот систем. Ќе има и промена на електричниот систем, како и на тоалетите. Ќе бидат модернизирани седиштата, а исто така ќе се изгради и нов салон како музеј на двата клуба. Целосната модернизација ќе чини 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…