Дома Фудбал Закарија: Стилот на Јуве не ми одговараше, во Челзи сум посреќен

Закарија: Стилот на Јуве не ми одговараше, во Челзи сум посреќен

Играчот на Челзи, Денис Закарија изјави дека бил многу изненаден од трансферот на „Стенфорд Бриџ“.

Швајцарскиот репрезентативец во јануари се пресели во Јувентус, но призна дека не му одговара стилот на игра на „бјанконерите“.

„Агентот ми кажа дека Ливерпул покажува интерес за мене, но во последен момент се преселив во Челзи. Мислам дека во Англија сум посреќен отколку во Јувентус. Не можам да кажам што точно се случи, но стилот на игра не ми одговараше“.

„Игравме премногу дефанзивно, се браневме ниско на нашата половина и немав доволно простор. Во Англија се чуствувам поконфорно и можат да дојдат до израз моите квалитети“, изјави Закарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…