ФФМ во текот на вчерашниот ден објави дека во Скопје ќе пристигне претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој ќе присуствува на отварањето на сместувачкиот капацитет на модерниот тренинг центар „Петар Милошевски“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес беше откриено дека Чеферин нема да биде единственото големо име кое ќе допатува во Скопје, заедно со него ќе допатува и легендарниот Холанѓанец Марко Ван Бастен.
Ван Бастен пристигнува порди неговата функција како директор за техничкиот развој на ФИФА.
Двете големи имиња на европскиот и светскиот фудбал во Скопје ќе пристигнат во четврток.