Шпанскиот гигант Реал Мадрид доживеа болен пораз од 1-3 против Барселона во шпанскиот Суперкуп, а тренерот Карло Анчелоти реши да отпише четири фудбалери.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Марка“ објави дека Анчелоти повеќе нема да смета на десниот бек Алваро Одриозола, дефанзивецот Хесус Ваљехо, како и напаѓачите Еден Азар и Маријано Дијаз.




Овие фудбалери разочараа во Мадрид, а Анчелоти не планира да им дава повеќе шанса и затоа сака да ги продаде во најбрз можен рок.




Одриозола одигра 51 минута по враќањето од позајмица, додека Ваљехо не може да се избори со конкуренцијата, а клубот повеќе нема трпение ниту за Азар и Дијаз.



