Дома Фудбал Англија За казна фудбалерите на Јунајтед денес морале да трчаат 13.8 километри

За казна фудбалерите на Јунајтед денес морале да трчаат 13.8 километри

Стратегот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг бил разочаран после вчерашниот дебакл од Брентфорд и поразот од 4:0, па го откажал денешниот слободен ден кој требало да го имаат фудбалерите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Под казна денес тие морале да се појават во тренинг центарот „Керингтон“ и да одработат цела сесија. Казната не била само да мора да тренираат туку требало да истрчаат и 13.8 километри.

Километрите не биле случајно одредени, туку точно толку помалку „црвените ѓаволи“ имале истрчано од Бретнфорд во натпреварот.

Брентфорд вчера истрча вкупно 109.4 километри, додека Јунајтед имаше 95.6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови „експлозии“ во Мадрид – Реал има договор со три големи ѕвезди!

По две сезони без трофеи, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да направ…