Дома Фудбал Лига на шампиони За еден од најсрамните пенали во ЛШ: Стерлинг се извинува, Гвардиола бара ВАР

За еден од најсрамните пенали во ЛШ: Стерлинг се извинува, Гвардиола бара ВАР

Англискиот крилен напаѓач и член на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг беше актер на еден од најсрамните пенали видени во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој во вчерашниот пенал против Шахтјор се обиде да ја шутне топката, но удри со ногата во тревникот и падна, а судијата покажа на белата точка!

После натпреварот Стерлинг му се извини на судијата Виктор Касаи.

„Не знам што се случи. Не почуствував никаков контакт, сакав само да ја шутнам топката и паднав. Му се извинувам на судијата“, изјави Стерлинг.

Неговиот тренер Пеп Гвардиола додаде дека на Лигата на шампионите и е потребен ВАР.

„Тоа не беше пенал и тоа е јасно. Но, во Лигата на шампионите судиите немаат начин тоа да го проверат, ВАР не е воведен и тоа е проблем. Судиите знаат да направат вакви грешки. Минатата сезона направија на наша штета против Ливерпул“, смета Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…