Женските ракометни колективи на Куманово и Пелистер ги добија своите противници за 3. квалификациско коло од ова европско клупско натпреварување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраничките на Викторија Мурговска имаа место меѓу носителите пред ждрепката, па за противник го добија тимот на Лa Сале од Малта. Овој тим е дебитант во европските купови, а тоа значи дека македонскиот претставник е огромен фаворит.
Доколку девојките на Куманово сакаат да се изборат за уште натпревари во Европа, ќе мора да одиграат добро и да го елиминираат тимот на Геониус од Холандија кој денеска преку ждрепка беше избран за Кумановки.
Првите мечеви се закажани за 10/11 ноември, додека реваншите ќе бидат една недела пододна.