Како што стојат работите италијанскиот репрезентативец Жоржињо ќе си замине од Челзи ова лето.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека Жоржињо ќе ги напушти „сините“ на една година пред истекот на договорот. Причината за заминувањето на Жоржињо наводно е неговата желба да се врати во Серија А.




Шира додава и дека Жоржињо вчера била на вечера во Милано, а неодамна интерес за него покажуваше и Јувентус. Засега не е познато дали и со кого преговарал Жожржињо во Милано.




Серија А е добро позната на Жоржињо затоа што настапуваше за Наполи од каде што премина во Челзи заедно со тренерот Маурицио Сари.