Дома Фудбал Англија Жолта минута за Гвардиола: Менаџерот на Сити ќе предлага нови правила во ФА

Жолта минута за Гвардиола: Менаџерот на Сити ќе предлага нови правила во ФА

Гвардиола е тренер чиј ракопис и тоа како се гледа на играта на Сити оваа сезона, но му е досадно веќе новинарите константно да го ставаат во прв план и поради него да го запостават учинокот на играчите на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарите го прашаа Гвардиола дали е тој заслужен за првиот погодок, кога Гундоган фантастично го проигра Агуеро. Шпанецот прво културно одговори, а потоа упати апел кој тешко да биде усвојен.

„Не сум јас заслужен за тој погодок туку играчите. Тие играат, тие се талентирани, немам ништо со тоа. Мислам дека треба да ги укинеме овие прес конференции и дека така би било подобро. Би било добро да престанеме да зборуваме и се да им препуштиме на фудбалерите“, започна Гвардиола и продолжи:

„Она што ние го работиме тука, не е ништо. Водиме празни разговори кои треба да се избегнуваат и малку ми е мака од тоа. Би замолил ФА да размисли за мојот прелдог, да се укинат на неколку месеци прес конференциите. Фудбалот е на теренот, а не во прес центрите. Наместо да им давате толкава важност на тренерите, пружете им го на играчите тоа, бидејќи го заслужуваат тоа од вас. Гледајте играчите како играат и пишувајте за тоа, зошто тука да зборуваме за нешто што сите го виделе“, заклучи Каталонецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тер Штеген замина, но сè уште е голем проблем за Барса

Марко Андре Тер Штеген замина на нова позајмица, откако неуспешната во Жирона, сега замина…