Жоа Феликс ќе стане фудбалер на Атлетико Мадрид, но кога?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бенфика пред неколку дена објави дека добила понуда од Атлетико Мадрид за Жоао Феликс во вредност од 126 милиони евра и никој не се сомнева дека таа понуда ќе биде прифатена.
Зошто тогаш не доаѓа до реализација?
Проблем е што Атлетико Мадрид во овој момент нема доволно пари, се чека продажба на Гризман за и тој трансфер да биде завршен.
Оваа недела се очекува завршување на работата околу Гризман кој веројатно ќе ја засили Барселона, а после тоа би требало да падне и потписот на Феликс.
Доколку Феликс пристигне во Атлетико, а не се сомнеавме дека ќе биде така тогаш тој ќе стане најскапиот играч во историјата на Примера.