Францускиот фудбалер и напаѓач на Милан Оливие Жиру е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон кој го доби во натпреварот против Лече, објави италијанската лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жиру доби втор жолт картон поради навреди кон судијата и сега ќе биде дополнително казнет.
Милан во следните два натпревари ќе игра против Фиорентина и Фросиноне во Серија А.
Жиру дресот на Милан го носи од 2021 година и на 73 натпревари за „росонерите“ постигна 31 гол.
За репрезентацијата на Франција одигра 127 натпревари и постигна 54 гола.