Дома Фудбал Останато Жиру за акробатскиот погодок: Сакав да додадам! (Видео)

Жиру за акробатскиот погодок: Сакав да додадам! (Видео)

Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру, беше херој во победата над Црвена Звезда во Лигата на Европа.

Жиру во 85 минута со акробатски погодок после една одлична акција на Вилшер и Волкот донесе победа за „топџиите“ и ги казни промашувањата на Звезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во тој момент можев да ја контролирам топката, сакав да му додадам на некој мој соиграч, но не видов никој, па се обидов, нешто слично како против Кристал Палас во јануари. Имав среќа и на крајот ја погодив мрежата“, изјави Жиру за сајтот на УЕФА.

Французинот истакна задоволство бидејќи „топџиите“ пред 50.000 навивачи успеаа да запишат три бода за максимален учинок после три кола во групата „Х“.

„Верувавме дека можеме да победиме и бевме трпеливи. Навистина не беше лесно, навивачите создаваа фантастична атмосфера“, додаде напаѓачот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…