Леонардо Жардим повторно е пред отказ од Монако после катастрофалниот старт на сезоната во Лига 1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Монако има освено само два бода по пет кола, па раководството размислува за промена на тренерот.
Цехот за лошите резултати најверојатно ќе го плати тренерот Леонардо Жардим, кој се очекува наскоро да добие отказ.
Прва желба на раководните луѓе е италијанскиот стратег Лучијано Спалети, кој беше отпуштен од Интер на крајот на сезоната.
Сепак, Спалети не е слободен и се уште е под договор со Интер, но „нероаѕурите“ сигурно ќе дадат зелено светло бидејќи така ќе се ослободат од неговата плата која изнесува 4,5 милиони евра по сезона.
Инаку, Жардим беше отпуштен од Монако минатата сезона, но само за кратко, бидејќи брзо се врати на кормилот на Монако, заменувајќи го Тиери Анри.