Дома Фудбал Англија Ешли Јанг со емотивна порака се прости од Манчестер Јунајтед

Ешли Јанг со емотивна порака се прости од Манчестер Јунајтед

Ешли Јанг после цели девет години го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во милански Интер.

Договорот на 34-годишниот крилен фудбалер истекуваше на крајот на сезоната, па тој реши да се пресели во Интер каде потпиша договор до 2022 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ешли Јанг веднаш по комплетирањето на трансферот со емотивна порака порака се прости од Манчестер Јунајтед.

„Ми дадовте шанса да играм со легенди, да освојувам трофеи, да работам со најдобриот тренер во историјата и да бидам ваш капитен. Ви благодарам што ми дозволивте да бидам дел од вашата приказна осум и пол години“, напиша Јанг, а потоа испрати уште една порака која ја упати до навивачите.

„Секогаш кога ќе стапнев на теренот носејќи го вашиот дрес го давав максимумот. Ви благодарам за поддршката за време на успесите но и падовите. Заминувам како еден од вас, се гледаме повторно на трибина“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…