Дома Ракомет ЕХФ со своја проценка: Еве каде се наоѓа Вардар и кој има најголеми шанси за титулата во ЛШ оваа сезона

ЕХФ со своја проценка: Еве каде се наоѓа Вардар и кој има најголеми шанси за титулата во ЛШ оваа сезона

Пред стартот на втората фаза од ракометната Лига на шампиони, ЕХФ ги објави фаворитите за новата сезона.

Како што е добро познато, Вардар го брани трофејот во ова натпреварување, но според ЕХФ нашиот претставник нема најголеми шанси за освојување на најелитното натпреварување во Европа.

Вардар првиот дел од сезоната го заврши без пораз, но и покрај тоа најголеми шанси за триумф во ЛШ му се дава на скапиот тим на ПСЖ.

„Црвено-црните“ се наоѓаат на втората позиција, зад Вардар следуваат Веспрем, Фленсбург, па Нант на Кире Лазаров, Рајн-Некар Левен, Барселона, Киелце, Пик Сегед и Мешков Брест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски го водеше Пелистер до седми триумф, Тиквеш се врати на победите

Еурофарм Пелистер го совлада Младост со 36:21 пред дербито со Вардар, а Тиквеш по поразот …