Ракометната репрезентација на Македонија наредната година ќе настапува на Мундијалот во Германија и Данска, а денес ЕХФ го објави распоредот за натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија на ова Светско првенство ќе игра во групата „Б“ во која уште се сместени, Исланд Шпанија, Јапонија, Хрватска и Бахреин.
Првиот натпревар го играме на 11-ти јануари во 15:30 часот против Јапонија, после еден ден пауза следи натпреварот против Бахреин од 14-часот.
Терминот од 14-ти јануари во 18 часот за нас е резервиран за натпреварот против Хрватска, потоа два дена подоцна, односно на 16-ти јануари во 20:30 часот играме против Шпанија.
За крај на групната фаза ќе се сретнеме со Исланд на 17-ти јануари во 18:00 часот.
