Дома Трансфер зона Ето си замина од кај Јаховиќ и им се придружи на Чави и Снајдер

Ето си замина од кај Јаховиќ и им се придружи на Чави и Снајдер

eto jahovic

Искусниот камерунски напаѓач, Самуел Ето пронајде нов клуб откако се одлучи да го напушти труски Коњаспор каде што беше соиграч со македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ.

Поранешниот напаѓач на Барселона претходните неколку сезони играше во Турција, но ова лето се одлучи повторно да ја промени средината. Искусниот 37 годишен фудбалер се уште не сака да се пензионира, па кариерата ќе ја продолжи во Катар, во дресот на Катар Спорт Клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ето потпиша договор на една година, а денес ќе биде претставен и пред навивачите. Така Камерунецот им се придружи на поранешните соиграчи Чави и Весли Снајдер кои исто така играат во Катар.

Овој 37 годишен фудбалер четири пати во кариерата беше прогласуван за најдобар фудбалер на Африка, а со Барселона и Интер ја освои Лигата на шампионите. Во Англија го носеше дресот на Челзи и Евертон, краток период настапуваше и во Русија за тимот на Анжи.

Претходните сезони играше во Турција за Анталиспор и Коњаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…