Дома Македонски спорт Еспортот стана официјален спорт во Македонија!

Еспортот стана официјален спорт во Македонија!

Од денес електорскиот спорт (Еспорт) стана официјален спорт во дражавата. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски му врачи „Решение за дејност спорт“ на пртестедателот на Македонската Еспорт Федерација, Бобан Тотовски.

„Чест и задоволство ми е што и официјално еспорт федерацијата станува дел од мк спортот. Мило ми е што сме согласни за сите услови и предизвици кои ни следуваат во иднина. Се обврзавме да бидеме тука за сите спортови, па така и продолжуваме. Честитам на успесите кои ги постигнавте и ви посакувам уште поголеми успеси во иднина. Го препознавме вашиот талент и желба за успех. Во иднина сакаме заеднички да ги споделуваме вашите достигнувања“, изјави Мојсоски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Свој коментар даде и претседателот на Еспорт Федерацијата.

„Започнавме во 2005 година и не се надевавме дека ќе ни требаат 17 години. Не губевме надеж во тниту еден момент, имавме мотивација да ја постигнеме целта да го официјализираме Еспортот како спорт“, изјави Тотовски.

Популарноста на Еспортот постојано расте, а македонската Еспорт Федерација е формирана во 2009 година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација и Европската Еспорт Федерација. Досега сме биле учесници на 15 меѓународни првенства.

Фото: МЕСФ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…