Дома Фудбал Еспањол ги елиминираше Енис Барди и Леванте од Купот (ВИДЕО)

Еспањол ги елиминираше Енис Барди и Леванте од Купот (ВИДЕО)

Екипата на Леванте на нашиот Енис Барди, не оствари пласман помеѓу најдобрите осум екипи во рамки на Купот во Шпанија.

Еспањол во рамки на вечерашниот меч славеше во Валенсија со 2:0.

Македонскиот интернационалец беше дел од екипата во сите 90 минути, но за жал не успеа ниту да постигне гол ниту да слави пласман со својот тим во следната фаза.

Леванте инаку за потсетување, славеше во првиот меч со 2:1, па оттаму и со пораз од 1:0 ќе беше екипата која ќе мине натаму. Сепак, работите не отидоа во посакуваниот правец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул покажува интерес за Ендрик од Реал

Ендрик, 20-годишниот напаѓач на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, нема да биде во с…