Дома Трансфер зона Ериксен преговара со клуб од Премиер лигата

Ериксен преговара со клуб од Премиер лигата

Кристијан Ериксен после ситуацијата на Европското првенство минатото лето беше приморан да го напушти Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Данецот не можеше да остане помеѓу „нероаѕурите“ затоа што Серија А не дозволува играње професионален фудбал со вграден дефибрилатор кој на Ериксен мораше да му биде вграден за нормално да функционира.

Ерискен веќе некое време тренира и е подготвен да се врати на фудбалот. Се поврзуваше со неколку клубови, а сега како најсериозен се покажува премиерлигашот Брентфорд. Според информациите на „Атлетик“ Брентфорд на Ериксен му понудил договор до крајот на сезоната со опција истиот да биде продолжен.

Се наведува дека засега се водат преговори, но истите одат во добра насока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…