Дома Фудбал Англија Ериксен по дебито за Брентфорд: Јас сум среќен човек!

Ериксен по дебито за Брентфорд: Јас сум среќен човек!

Кристијан Ериксен во саботата се врати на терен.

Брентфорд го пречека Њукасл и запиша пораз од 2:0, а Ериксен доби шанса во 52. минута. После 259 дена од срцевиот удар Ериксен за првпат се појави на теренот и дебитираше на официјален натпревар за својот нов клуб. Навивачите на двата клуба го дочекаа со аплауз и овации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данецот не ја криеше среќата.

„Среќен човек сум. Кога ќе поминете се што сум поминал и повторно ќе заиграте тогаш чувството е фантастично. Сега ми е важно да му помогнам на клубот во борбата за опстанок“, изјави данскиот фудбалер.

Ериксен се поврзуваше со голем број клубови после раскинувањето на договорот со Интер, а на крајот се одлучи за Брентфорд каде што пристигнаа во јануарскиот преоден рок. Брентфорд до крајот на сезоната го чека борба за опстанок, неговиот тим е на 15. место со 24 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхе…