Ерик Ламела на натпреварот против Свонси играше од првата минута и докажа дека полека се враќа во старата форма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека аргентинскиот играч за врска би можел да го напушти лондонскиот клуб во јануари и да се врати во Италија. Овој Аргентинец во Тотенхем пристигна од Рома летото 2013. година, но повредите го спречија да го покаже својот квалитет во дресот на овој клуб.
Сега според последните информации би требало да ги напушти „Петлите“ и да си замине на позајмица до крајот на сезоната. Како што пишуваат тамошните медиуми, интерес за Ламела покажа и Интер, но италијанскиот клуб поради суспензија не може да купи играчи оваа зима и останува можноста само позајмица.