Дома Фудбал Англија „Енфилд“ ќе биде проширен до почетокот на сезоната 2022/23

„Енфилд“ ќе биде проширен до почетокот на сезоната 2022/23

Европскиот шампион Леверпул, најави дека повторно планира дополнително да го прошири капацитетот на својот стадион „Енфилд“, поради зголемиот интерес за домашните натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интересно за да се гледа тимот на Јирген Клоп е огромен па го надминува капицитетот на „Енфилд“ кој изнесува 54.000 седишта, посебно по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Поради тоа најавена е нова реконструкција со која капацитетот на Енфилд ќе се зголеми за нови 7.000 места, односно ќе има капацитет од 61.000 места.

Клубот објави дека проектот за проширување на стадионот ќе чини 60.000 фунти и ќе биде завршен до почетокот на сезоната 2022/23.

Интересно е што „црвените“ пред само три години инвестираа 130 милиони евра во доградба на својот стадион, кој претходно имаше капацитет од 45.000 места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед купува две замени за Касемиро и ќе плати над 116 милиони фунти

Манчестер Јунајтед е на чекор до потпишување на своето прво засилување во летото. Само еде…