Многу лесно може да се случи Ливерпул до крајот на сезоната да не одигра ниту еден натпревар на Енфилд.
Британската Влада донесе одлука Премиер лигата да продолжи на 17. јуни. Некои од натпреварите ќе се играат на неутрален терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул може да биде единствениот клуб кој преостанатите натпревари ќе ги одигра надвор од Енфилд. Причината е стравот од масовни собирања во близина на култниот стадион, пренесува Тајмс.
Црвените се на пат после три децении да станат шампиони во Англија. Пред продолжение на сезоната имаат 25 бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.
Ливерпул до крајот на сезоната како домаќин треба да одигра четири натпревари, а противници се: Кристал Палас, Астон Вила, Барнли и Челси.