Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери не сакаше да одговори на прашањето дали клубот е блиску до реализација на трансферот на Денис Суарез од Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, Емери потврди дека клубот работи на неколку засилување кои се очекува да бидат реализирани до крајот на преодниот рок.
„Клубот продолжува да работи на неколку трансфери. Имаме проблеми поради повредите на Холдинг, Велбек и Белерин. Тоа е тешка ситуација. Клубот може да потпише со еден или двајца нови фудбалери кои ќе го подигнат нивото“, изјави Емери.
„Денис Суарез? Не сакам да зборувам за секој играч одделно. Знам само дека раководството преговара со неколку фудбалери“, додаде стратегот на „топџиите“.