Дома Фудбал Останато Емери: Во Барса тоа е Меси, во Реал Перез, во Атлетико Симеоне, а тука – Нејмар

Емери: Во Барса тоа е Меси, во Реал Перез, во Атлетико Симеоне, а тука – Нејмар

emery ney

Унаи Емери по завршувањето на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен откако и оваа сезона со своите избраници не успеа да направи исчекор во Лигата на шампионите.

Емери клупата на ПСЖ ќе ја напушти кон крајот на јуни, а сега ја отвори душата и призна дека тој не е „главен“ на „Паркот принцовите“ и дека таа улога му припаѓа на бразилската ѕвезда Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во една прилика Жорге Валдано (поранешен аргентински фудбалер и тренер) ми кажа дека во Барселона е лидер Меси во Реал Мадрид, Флорентино Перез, во Атлетико Симеоне. Играч, претседател и тренер – различни се улогите во секој тим. Јас совршено добро знам кога сум одговорен за нешто и тоа го прифаќам. Тоа е нешто што го добивате со искуството“, изјави Емери кој потоа зборуваше за улогата на Нејмар.

„Во секој клуб мората да знаете која е вашата улога и која улога ви ја наметнува колективот, а во ПСЖ лидер е Нејмар. Тој дојде тука за да биде лидер, да помине низ процес кој ќе го направи најдобар играч во светот. Тоа е нешто за кое е потребно време…Ќе го земам примерот на Гвардиола, тој е шеф во Сити, но во ПСЖ тоа мора да биде Нејмар“, заврши Емери.

Во зборовите на Емери со оглед на сегашните случувања секако дека и тоа како има вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед не се откажува од Де Јонг

Барселона минатото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски пробле…